СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Бројките повторно високи – Прилеп со 15 новозаразени од Ковид

351

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, министерството за здравство информира,  дека во последните 24 часа од направени  3.622 тестирањe, регистрирани се 511 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу во Скопје – 247,  додека во Прилеп се регистрирани нови 15 случаи од направени 42 тестови во Центарот за јавно здравје Прилеп.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Куманово  и по едно починато лице од Битола , Велес , Штип  и Македонска Каменица . Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 497 оздравени пациенти, од кои 17 се од Прилеп.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе