СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

80 – годишен велосипедист по 11 пат вози велосипедска тура во чест на празникот, од Маврово до Прилеп (видео)

236

Доаенот на македонскиот велосипедски спорт, Ѓорѓи Кузмановски, сега, на своите 80 години, утре (8 -ми септември, 2021) ќе ја вози традиционалната велосипедска тура поповод Денот на независноста и самостојноста на Македонија, кој што тој, самиот, ја стартуваше, точно пред 11 години, и, без оглед на својата возраст, продолжува да ја реализира, сега, заедно со неговиот пријател, велосипедски придржник, 54-годишниот велосипедист, Дејан Момировски. Овој пат велоспиедската патека, долга 120 км. ,по повод 30 години од независноста на Македонија, ќе започне со стартна позиција од Маврово, ќе мине преку Стража, низ Кичево, М.Борд и ќе заврши во Прилеп, на денот на независноста, 8 -ми Септември. Кузмновски треба да стигне во Прилеп во 15,оо ч.

Ова велосипедски подвиг, кои се одржува една деценија, говри дека годините не можат ништо, кога човек сака,  има мотив, енергија и спортски дух . Но, како еден пензионер можи на 80 години да биде толу витален, активен, и која е силата што го тера да го промовира, со личен пример, спортот, спортскиот начин на живење, кога многу млади луѓе не сакаат да спортуваат, а возрасните од неговата доба ниту замислваат дека можат активно да се спортуваат во поодминатаи години од животот,

ќе чуете токму од разговорот што следи на Радио Пела:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе