СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Вечерва завршува МТФ Војдан Чернодрински, познати наградените

296

Претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ на Битолскиот театар е победник на 55–от МТФ „Војдан Чернодрински“, која што, освен награда за уметничко остварување на претстава во целина, освои уште две други награди – за режија на Мартин Кочовски и за музика на групата Фолтин. Жирито, наградата за севкупен уметнички ангажман на режисерот и на актерите ја додели на претставата „Мојот маж“, во режија на Нела Витошевиќ, на Драмскиот театар од Скопје. Наградата за рекламен материјал замина во рацете на Борче Димитријоски за претставата „Едвард раце ножици“, наградата за кореографија и сценски движења замина кај Игор Киров за кореографијата во претставата „Едип коментари“ на Штипскиот театар. Роза Трајчевска–Ристоска ја добива наградата за костимографија за костимите во претставата „Мојот маж“.

Наградата за сценографија и’ припадна на Ивана Кнез за сценографијата во претставата „Глембаеви“ на прилепскиот театар. Наградата за современа сценска драматизација ја добиваат Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова–Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска во претставата „Мојот маж“ на Драмскиот театар.

Исидор Јованоски е добитник на наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ за улогата Оливер Глембај во претставата „Глембаеви“ на прилепскиот театар. Наградата за млада актерка ја освои Сабина Мемиши за улогата Олга во претставата „Мурлин Мурлов“ на Албанскиот театар. Наградата за женска епизодна улога ја доби Гентиана Рамадани за улогата Ина во претставата „Мурлин Мурло“.

Наградата за машка епизодна улога „Димче Трајкоски“ отиде во рацете на Горан Стојаноски за улогата Силвестер во претставата „Крик за љубов“ на Охридскиот театар. Ова се одлуките на оценувачката комисија на јубилејното 55 то издание на МТФ, во состав Звездана Ангеловска, претседател и членовите Бајруш Мјаку и Александар Миљосављевиќ.

Наградите ќе бидат доделени вечер во прилепскиот народен театар. Во чест на наградените првенците на Драмски театар ќе го изведат омажот „Драмски за Конески” за великанот на македонскиот јазик, литература и култура Блаже Конески. Со тоа ќе биде затворен годинашниов 55 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински”.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе