ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Бараме достоинствен живот, а не сиромаштија “ – трет ден протести на прилепските пензионери

613

И денеска продолжи револтот на пензионерите од Прилеп. Тие бараат достоинствен живот, а не сиромаштијата во која што живеат за сметка на богатите политичари во чии што раце е одлуката за линеарно зголемување на основицата на пензијата од 3 500 денари, од септемвриската пензија, наместо процентуално зголемување од 6 %.  Протестот денеска започна со потпишување на барањето на пензионерите кое ќе биде официјално доставено до ресорната министерка и Владата. Прилепските пензионери повторно не беа примени од раководството да здружението. Тие побараат оставка од претседателството на прилепското здружение на пензионери, а со протестите продолжуваат и утре се’ до исполнување на барањето за зголемување на пензиите по линеарна основа, односно еднаков  износ за сите пензионери:

  • Денеска, како што можевте да забележите по втор пат се обидовме да влезиме и да дојдеме до претседателот на прилепското пензионерско друштво Славе. Неговото обезбедување кое што приватно го повикал не’ избрка брутално и арогантно, значи не ни дозволи да влеземе. Затоа ние сме изреволтирани денеска повеќе бидејќи ние плаќаме членарина, за овој овдека дом, значи овој дом овдека е дом на Здружението на пензионери, на членовите, не е на Славе, или на неговото претседателство. Затоа нека слушнат дека овој намачен народ, секојдневно ќе иди до доделувањето на нашите 3 500 денари со септемвриската пензија. Сеуште има време, не се почнати да ја пресметуваат, пресметувањето е после 15 ти во месецот. Нека слушнат дека ништо од тие нивни 6%, значи 3500 денари подеднакво за сите пензионери на Македонија! Нема да отстапиме и не ги прифаќаме тие 6%. Слушнавме изјава од некоја портпаролка дека многу ни ги зголемиле пензиите?! Е, од тие зголемени пензии кога ќе зборуваат нека кажат колку ги покачија цените?! Значи нека не се држат наназад да не’ враќаат. Гледаме напред и одиме напред!!!

Ајде уште еден дел остана од жителите на Македонија кои што живеат во Македонија и се за Македонија. Да не дозволиме да избегаат и тие, односно нашите деца, на пензионерите. Ние броиме 339 илјади најмалку по 4, а сега веќе и внуци сме, по 8 и по 10 броиме фамилија. Замислете ако заминат сите?! Столбот на државата во моментов се пензионерите. Затоа нека не бидат глуви на нашите барања. Не сме само ние што штрајкуваме, штрајкува и здравство, штрајкува и железници, штрајкува и администрација. Затоа нека не не’ потценуваат, мора да ги добиеме тие 3 500 денари.

Тие ќе излегуваат со такви ставови дека не е можно линеарно зголемување. Линеарно како можеше тогаш кога беше енергетската криза и здравствената, на сите поддеднакво по 1 илјада денари да ни доделат?  Значи можно е!!! Илјада денари не бараме ние, не сме седнати на улица. Ние бараме она што ни следува – повисока пензија, на никого не му го скратуваме правото ни на тие со 50, со 60 или со 70 илјади.

Денеска бидејќи сме изреволтирани од претходните два дена, ние собираме потписи сите со своерачен потпис и телефонски број. Со тоа барање ќе одиме официјално до претседателката Станка, министерката Тренческа, и до Владата. Во најбрз можен рок бараме одговор и  сакаме да бидете присутни вие како новинари, за бидете информирани и да ја информирате јавноста, дека пензионерите нема да се откажат и нема да седат додека не ги добијат тие 3 500 денари.Утре исто со мирен протест, со транспаренти, ние не одиме брутално, ние сакаме мирно, достоинствено и мудро да си добиеме овие 3 500 денари, рече Вера Јанческа, пензионерка.

  • – Протестираме на мирен начин да имаме пари, ние пензионериве. Со 13 илјади не се живее луѓе. Дали сметки, дали струја, дали вода, не втасуваат. А тие 78 % да си поткренат жално е. Верувајте ова е жал за нашава држава, жал е за нашите деца се молат за парче леб од каде да им најдеме?! Малку се пари, 13 000 пари ли се? Не! Не можеме да опстанеме. Тие си одат на одмири, секаде, ние и државава можи ќе ни ја продадат и нас ќе не’ продадат. Ова е за нас катастрофа пензионерите, работниците, социјалните случаеви. Верувајте, се разболе народот, си зборуваат по пат сами, и уште ми е страм да кажам идам, ми се смеат, велат„а, пензионерите штрајкуваат“. Ние штрајкуваме од што мораме за парче леб. Ако мислат дека се живее со 13 илјади денари нека повелат и тие нека кажат, вели Марија Ристеска, пензионерка.
  • – Капиталистичко општество не се гради со сиромашен народ. Тоа е апсурд, незамисливо! Господинот Славе ми вели мене дека Фондот наш немал пари. Каде се моите 40 години што работев во девизно извозна фабрика и сите овие мачници што работеле во стопанството кое го граделе стопанството. Се жали државава дека младите бегаат затоа што нема овде ред и поредок во во државава. Администрацијата постигнаа процент од 78 отсто зголемување. Тие се господа новинари и ваши пари, и вие не земате, ве молам не земате толку. Треба да сфатат дека општество со сиромашен народ нема просперитет. На овој намачен народ оваа последна генерација која придонесувала и градела сега ни ја зедоа и ја продадоа. Странските капитали ги претопуваат за поединци не го градат општеството. Ако овој народ има пари, уште сме мачни ќе работиме и ќе придонесуваме за државата, вели Цветко Тренкоски, пензионер.
  •  Од сите општини претседателите кажаа дека ќе се бориме ќе бараме да ви помогниме. Нашиов претседател не излегува. Ние сите овде бараме оставка од претседателот и цело раководство! Во Битола се јавивме прашавме, екскурзија 50 денари, Македонски Брод 100 денари, Прилеп 200 денари. Короната кога беше 2 години ни запираа пари, ексурзија не искористивме. На битолчани по илјадарка, по 2 му вратија. Нашите пари каде се?! Каде се, две години немаме ексурзии, кај се парите, прашува Љубица Јосеска?
  • Земам пензија 12 илјади и не можам да живеам со тие пари, а имам и син кој што не е баш добар со здравјето. Сега поднесувам документи за социјален стан ако може да ми помогни Владата. Со пензијата двајца луѓе не можат да живеат со тие пари, вели Весна Иваноска пензионерка.
Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе