СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

(Видео) Убава вест – Мартин Јованоски, првак на Светскиот куп во Турција

546

Невиден успех на параглајдеристот, Мартин Јованоски! Првото место на PWC – Paragliding World Cup во Турција, во прелети, му припадна тому нему – нa Јованоски, кој своите брони меѓународни натпреварувања и успеси го прават вистински амбасадорот на Прилеп и на државата.Еве,како се радуваше Јованоски по овој успех:

Станува збор за Светски Куп во Параглајдерство каде се летаат повеќе трки во неколку денови. Прелетите се и по 100 км.,а се креваат висини до 4000 метри во доста сложени услови. Континуитетно, добриот резултат на Мартин во сите три ден од натпреварувањето, од кои 2 дена беше прв, го прави севкупно да е победник на натпреварувањето во серизна конкуренција од највисок ранг во светот, ни напиша Баки Шакировски и објасни:

…Да објаснам, тоа е како да освоиш трка во Формула 1 во светот на летањето! – ни напиша неговиот пријател Шакировски од кој ги позајми фотографии и видеа.

Светскиот куп се одржуваше од 04 септември до 11 септември 2021 во Аксарај, Турција.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе