CSS Template

(Видео) Како живее Прилеп денес ?! Што е направено за подобар живот на граѓаните ?!

558

За инфраструктурнот уредување на Прилеп

– Инфраструктурно секој град сака да биде направен најдобро шот може !Тоа важи и за Прилеп! Работата на локалната самоуправа секогаш треба да биде на највисоко ниво. Во таа насока, завршивме неколку капитални проекти. Мој императив беше создавање на детскиот дневен центар за деца болни од церебрална парализа, што како ортопед тоа ми „тежеше„. После Скопје, Прилеп е вториот град кои има ваков центар. Со тоа покажавме дека водиме сметка за сите категории граѓани, особено зашто вработивме, тука иродители на деца заболени од церебрална парализа и едуцирани лица, кој е куриозитет и треба позитивно да се гледа на тоа. Вториот капиталн проект е мостот. Тој е најголемиот и најубавиот мост што е изграден во нашата општина. После 48 години направен е мост на градската река, без разлика што некој тоа сака да го минимизира… “ – посочи градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски во емисијата “Одговорност и одговори „ на Радио Пела , и продолжи..

(8:25 мин) За состојбата со патната инфраструктура и локалните патишта

„За оваа година имаме предвидено 85 милиони денари за изградба на нови улици реконструкција и рехабилитација на улици…- рече Јованоски

(11: 25- 17:06 мин ) Состојбата со водоснабдувањето 

-Благодарение на ЈКП Водовод и Канлизација и нивната максимална ангажираност и пренасочување на водата за пиење од ценарот на градот кон повисоките зони, со рамномерно распредлување на водата од Студенчица и бунарите, граѓаните ќе имаат вода, само со намален притисок во повисоките зони, а недостик на вода нема да има…… рече тој….. Во изминатите три години имаме направено 8 км. водоводна мрежа во градот, имаме 20 км. водоводна мрежа сменето во овие три и пол години. Ќе ги разгледаме и барањаа од граѓаните со ЈКП Водовод и Канализација … рече Јованоски,одговарајќи и на прашања на граѓани ,дирекно,во емисија.

Одговараше и за буџетксата политика и како се трошат парите на граѓаните, за ФК Победа, културате… Јованоски одговори и на голем број граѓански прашања кои беа упатувани преку социјалните мрежи и телефонски јавуања, поврзани со патната инфраструктурата, земјоделството -тутнопроизводството, состојбата со водоснабдувањето, проблемите кои ги имаат граѓаните секојдневно, што можете да слушнете подолу во граѓанската емсијата :

На крај, на новинарскот прашање „дали ќе ја доби довербата од граѓаните за следен мандат на престојните локални избори„ во октомври, Јованоски рече: (51:07 мин)

„Јас ја побарав поддршката од мојата партија. Таа поддршка ја добив! Ја чекам поддршката од извршниот одбор на СДСМ и ако ја добијам таа поддршката со целиот мој габарит, со целиот мој минат труд ,повторно ќе побарам поддршка од граѓаните ,затоа што мислам дека доволно направив во рамките на можностите во овој временски период. Кога дојдов, општината беше задолжена 202 милиони денари, околу 2,5 милиони евра, па потоа дојде пандемијата, така да во сите овие услови и околности што беа во овие три и пол години, јас сум апсолутно задоволен од својата работа, бидејќи направивме доста капитални проекти. Не можам да не ги споменам капиталните проекти што живот ќе значат за нашиот град : Прилепскот езеро со проектот “Нови авантури – нови можност„ ќе биде завршен за 10 дена, ќе имаме можност многу често да го користиме ,посебно младите. После Могилата, тоа ќе биде најдоборо место за посета на граѓаните; Детската градинка која ја ветив и ќе биде направена до крајот на годината со капацитет за 260 деца и ќе го заокружи горливиот проблем на сместувачки капацитете за деца од предшколска возраст; И, мојот импратив, односно предизвик, спортско – рекреативниот центар, односно затворениот базен ,за кои за 10 -тина дена ќе започне јавната набавка, а во почетокот на септември ќе имаме камен темелник…“- рече градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски


Vivafarm