CSS Template

Витаминка донираше 400 брзи тестови за потребите на прилепчани

628
Avtokontrol1

Прехранбената индустрија Витаминка со нова донација за поефикасно справување со здравствена криза и алармантната состојба во која се наоѓа особено општина Прилеп. Денеска во Здравствен дом Прилеп пристигнаа поголема пратка од 400 брзи тестови, донација од Витаминка.

– Упатувам јавна благодарност до општествено одговорната фирма „Витаминка“ која несебично ни помага во секоја можна ситуација во време кога повеќе од 10 месеци се справуваме со корона кризата. Штотуку ни донираа 400 брзи антиген тестови за брза детекција на вирусот Ковид 19, кои ќе се работат о Здравствениот дом, се во интерес на граѓаните“, посочува др Оливера Аџиоска, директор на Здравствен дом Прилеп.

Во телефонски разговор Аџиоска потврди дека пристигнале и дополнителни 250 тестови од Министерството за здравство, а за кои има зголемена потреба во Прилеп. Реализацијата на брзите тестови се одвива по пат на закажување термин преку матичните лекари, а резултатите се утврдуваат уште истиот ден.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm