ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Министерката за култура ниту од култура не се сретна со градоначалникот!

128

Со соопштение за јавност денеска се огласија од ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП, по повод вчерашната посета на министерката за култура во ЦК Марко Цепенков Прилеп. Го пренесуваме во целост:

“Во текот на вчерашниот ден во Прилеп, при посетата на министерката за култура, се случи еден невиден преседан кој најдобро сведочи дека СДСМ и нејзините челници, уште не ја научиле лекцијата преку тешкиот пораз на локалните избори со преку 7500 гласа разлика во Прилеп.
Во фоајето од НУЦК “Марко Цепенков” беше поставена изложба од маски кои прилепските ученици традиционално ги изработуваат по повод Карневалот „Прочка”. Оваа културна манифестација има огромно значење како за Прилеп така и за државата, затоа што истата го одразува етно-културниот идентитет кој се градел со години и ќе се гради на овие простори.
На оваа изложба покрај самите деца и наставниците, присуствуваше и градоначалникот Борче Јовчески. Прашуваме дали е вистина дека за време на изложбата во директорската канцеларија од ЦК “Марко Цепенков”, која се наоѓа во истиот простор, во посета била дојдена министерката за култура од старо-новата влада на Зоран Заев? Дали министерката можеби намерно одбила случајна средба, со таткото на градот, заклучувајќи се во просториите на ЦК „Марко Цепенков”? Дали министерката за култура која е позната по големиот скандал и гласањето во скафандер во Собранието на Република Македонија, не почувствува потреба да се појави барем од општа култура за да ги поздрави децата и присутните на оваа изложба? Очигледно министерката не го знае значењето на овој голем ден за Прилеп и прилепчани. Почитувни, Aроганцијата на СДСМ продолжува и понатаму. Оваа старо-нова влада, која не е ништо друго освен продолжена рака на владата на Зоран Заев, нема што ново да им понуди на граѓаните. Затоа се потребни итни предвремени избори, за на чело на министерствата”, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе