СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

„Вози,вози ме„ нов летен хит на Филип

1.162

„Вози,вози ме“ е новиот летен хит на младиот прилепски пејач, Филип Николоски, момче со прекрасни музички гласовни способности, талентиран вљубени во музиката и одличен музички изведувач. „Вози вози ме“ се појави денеска на музичката сцена и веднаш  ја освои слушателската публиката на Радио Пела. Песната има нов поинаков ритам,  од предходната песни – балада на Филип. Исполнете е со егзотичен музички ритам,  со многу динамика, која веднаш успева да го плени слушателот и да создаде движења на танцувања.

„Чест ми е и задоволство да ви го преставам ведео записот за мојата најнова песна „Вози, вози ме“. Се надевам дека ќе ви се допадне и дека ќе уживате. Оваа песна се издвојува од предходната, решивме да ја направиме малку поразлична , и тоа навистина ни успеа„-изјави Филип Николоски за Радио Пела.

Инаку, музката и аранжманот на песнаа „Вози, вози ме“ се на Рубин Димкоски, текстот е на Душко Темелкоски, а придружните вокали се на Рубин Димкоски, Маја Црвенкоска и Викторија Стојческа. Песната „Вози, Вози ме„ е комплетирана и со видео приказ изготвен од продукцијата Фан -Зоран Пилата, кој главно ги креира спотовите на Николоски, прикажувајќи ја Пелагонија во сиот свој раскош.

Само како потсетување пред една година Филип Николоски го издаде своето првенче, песната “Тебе те нема”, (музиката и текстот на Гоце Илиески Балада, а аранжман на Рубин Димкоски).која наиде на одличен прием кај публиката.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе