CSS Template

Во една седмица се разболеле 198 лица

237
Avtokontrol1

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 08 до 14 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 198 нови случаи на Ковид-19.

Од последиците на коронавирусот починале 4 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 306. 31 лице се наоѓаат на болничко, 251 на домашно лекување, а 24 се лекуваат во дневната болница.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 224 лица. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.842. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 243 лицa.   


semm
Turtel
Farma Dolneni
Vivafarm