ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Новаци ќе се гради една од најголемите фотонапонски централи во државата

182

Наскоро ќе започне да гради една од најголемите фотонапонски централи од 50 MW  во општина Новаци.Инвестицијата од ДТПУ Меј Груп ДОО Експорт импорт Скопје е компанија која ја реализира бизнис иницијативата во катастарските општини Билјаник и Рибарци и ќе зафаќа површина од  57 хектари покриена со фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори. Градоначалник на Општина Новаци Стевче Стевановски оствари средба со претставници компанијата и сопствениците на земјиштето каде ќе поминува високонапонскиот далновод.

„На средбата се разговараше за условите и начинот со кои треба да се спроведе далноводот, решавање на имотно правните односи и придобивките кои би ги имале жителите на Општина Новаци од оваа голема инвестиција од приватниот сектор,“ посочи градоначалникот Стеваноски.

Општина Новаци како локална самоуправа има за цел нејзината трериторија да биде ставена во Стратегијата за развој на енергетиката која ја изработува МАНУ и да биде обележана како точка на мапата во која постојат услови за инвестирање во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори. Новата инвестицијата е само дел од тие настојувања, велат од општината.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе