ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (34)

1.114

Пишува Зоран Момироски 

  • МИНИМАЛНАТА ПЛАТА СЕ ЗГОЛЕМИ ОД 18.000 НА 20.000 ДЕНАРИ. ВО МАРТ СЕ ЗГОЛЕМИЈА И ПЕНЗИИТЕ ЗА 8,4 ПРОЦЕНТИ, А ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ИМА И ВО БУЏЕТСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ЈАВНИТЕ  ПРЕТРИЈАТИЈА И ВО ДРУГИ ОРГАНИ И ТЕЛА. НАЈМНОГУ ОД  2.500 ДО 3.500 ДЕНАРИ. ЗА ОВИЕ ОД СДСМ ОВИЕ ВЛАДИНИ МЕРКИ БИЛЕ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ. СЕ ФАЛАТ СО ПОЛНИ УСТИ НАСЕКАДЕ КАДЕ ШТО ЌЕ СТИГНАТ ОТИ МУ „ФРЛИЛЕ КОСКА“ НА ОВОЈ НАРОД КОЈ ЕДВАЈ ВРЗУВА КРАЈ СО КРАЈ ОД ОД ПРВИ ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОТ. АМА И СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ МОЛЧАТ ПО ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД СО КОЈА НА ИЗБРАНИТЕ И ИМЕНУВАНИ НАМЕСТО „КОСКА“ ИМ ФРЛИ „БИФТЕК“. КОГА СЕ ВО ПРАШАЊЕ ПАРИ НЕМА ДЕЛБИ И ПОДЕЛБИ, СИТЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИ !!! A ИСТОВРЕМЕНО, ГИ ВОДИ ИСТА МИСЛА КОЈА НУДИ ЕПТЕН УБАВ ЖИВОТ. ЕДИНСТВЕН КОЈ ДОСЕГА ЈАВНО ИЗЛЕЗЕ СО СТАВ ДЕКА РАЗЛИКАТА ВО ПЛАТА ОД СЕГАШНАТА СО ОНАА КОЈ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО ЌЕ ЈА ДОНИРА ВО ДОБРОТВОРНИ  ЦЕЛИ Е ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ИАКО ЛИЧНО СУМ УБЕДЕН ДЕКА БОКИ Е „ЧОВЕК ОД ЗБОР“ ОТИ  ДОСЕГА СЕ’ ШТО КАЖАЛ ИЗЛАЖАЛ, СЕПАК, ВО СПОРЕДБА СО ДРУГИВЕ  КОИ  ПО ОВА ПРАШАЊЕ  МОЛЧАТ  ТРЕБА ДА МУ СЕ ЧЕСТИТА. ДАЛИ ТОЈ „ПРОДАВА“ ОБИЧЕН ПОПУЛИЗАМ  ИЛИ ОВА ЌЕ БИДЕ УШТЕ ЕДНО ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ НАЈВЕРОЈАТНО  ВРЕМЕТО ЌЕ ПОКАЖЕ. НО, СЕПАК  Е ДОБАР ПРИМЕР ЗА ОВИЕ ДРУГИВЕ КОИ  СЕ „ГЛАДНИ ЗА ПАРИ“ И НЕ ЗНААТ КОЛКУ ИМ Е ДОСТА.

 

  • ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ  ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ПРЕКУ СЕКТОРОТ  ЗА КОМУНИКАЦИИ ОБЈАВИ ДЕКА СЕКОЈ ВТОРНИК ОД 19.00 ЧАСОТ ВРАТИТЕ НА ПАРТИЈАТА ЌЕ БИДАТ ОТВОРЕНИ ЕДНАШ НЕДЕЛНО ЗА СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ. ДОЛГО РАЗМИСЛУВАВ И СИ ГО ПОСТАВУВАВ ПРАШАЊЕТО: ЗОШТО ВО ВТОРНИК?! ПА УШТЕ  ВО 19.00 ЧАСОТ?! ЧИТАВ, АМА НИКАДЕ НЕ БЕШЕ НАПИШАНО ДАЛИ ЗА СРЕДБАТА ГРАЃАНИВЕ ЌЕ ДОБИВААТ  И БРОЈЧЕ? ИСТО КАКО НА ВРЕМЕТО КОГА ЛУЃЕТО ОДЕА НА ПРЕГЛЕД КАЈ МАТИЧЕН ЛЕКАР. ДАЛИ ЌЕ НОСИ БЕЛ МАНТИЛ, СТЕТОСКОП, АПАРАТ ЗА МЕРЕЊЕ НА ПРИТИСОК И ГУМЕНО ЧЕКАНЧЕ ЗА ПРЕГЛЕД? БИДЕЈЌИ СЕГА Е ХИТ „ДОКТОР-ПОЛИТИЧАР“ И ОБРАТНО. И СРЕДБИТЕ ЌЕ ГИ ПРАВЕЛ СО СЕКРЕТАРОТ НА ПАРТИЈАТА МИКИ КРСТЕВ. ПА ТОА МУ ДОАЃА КАКО МИКИ ДА БИДЕ СЕСТРА. ЗА ДА БИДЕ АВТЕТНИЧНО КАКО ВО ЛОКАЛНАВА САМОУПРАВА. ТАМУ, ЗЛОНАМЕРНИЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДОКТОР БОРЧЕ ЧЕСТО ЗГРЕШАВАЛ И НА ШЕФИЦАТА НА КАБИНЕТОТ И’ ВИКАЛ: СЕСТРО ДОЈДИ ВАМУ! ИНАКУ, НА ОВИЕ СРЕДБИ СЕКОЈ ДОБРОНАМЕРНИК КОЈ ЌЕ ГО ДОЧЕКА РЕДОТ И ЌЕ СТИГНЕ ДО ЦАКИО ИМАЛ ПРАВО ДА ДАДЕ СВОИ ПРЕДЛОЗИ, СУГЕСТИИ И ИДЕИ. ЗНАЧИ КРИТИКИ НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА ИМА. ПРИТОА, ВО НАЈАВАТА ГО НЕМА ПРАТЕНИКОТ МИЛЕ ТАЛЕВСКИ. НАЈВЕРОЈАТНО ОТИ ТОЈ Е „СПЕЦИЈАЛИСТ“ ПА ОД ТУКА, ПРОИЗЛЕГУВА, ДЕКА АКО СЛУЧАЈОТ НЕ МОЖЕ  ДА ГО РЕШИ ЦАКИО ЌЕ ТРЕБА „УПАТ“ ДО СПЕЦИЈАЛИСТОТ МИЛЕ КОЈ ОПНАЛ ДА БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК И ВО СЛЕДНИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ. САКАМ ЈАВНО ДА ГО ПРАШАМ  ПАЧЕШКОСКИ: ДАЛИ НЕ Е МНОГУ СЕКОЈ ВТОРНИК ДА СЕ КОМУНИЦИРА СО ГРАЃАНИТЕ?! ОСОБЕНО СЕГА ВО ОВАА ПРЕДИЗБОРНА ГОДИНА! НАМЕСТО СЕКОЈ ДЕН ПАРТИСКИТЕ ПРОСТОРИИ ДА БИДАТ ОТВОРЕНИ, НАЈДОБРО БИ БИЛО СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ВО ПАРТИЈАТА ДА ИМАШ НА ДВЕ НЕДЕЛИ!

 

  • ВО КИНОТО „МИС ТОН“ ВМРО-ДПМНЕ ОДРЖУВА ФИЛМСКА ПРЕТСТАВА-ТРИБИНА: СОСТОЈБИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО. И ТОА НА 4 АПРИЛ-ДЕНОТ НА ТУТУНСКИТЕ РАБОТНИЦИ. САЛАТА ИСПОЛНЕТА ДО ПОСЛЕДНО МЕСТО. СЕ’ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ  ДО ЗЕМЈОДЕЛЕЦ, ПА ДУРИ И ДИРЕКТОРИ НА ЈП. ТИЕ КАКО СПЕЦИЈАЛИСТИ ЗА „ДЛАБОКО ОРАЊЕ“. ИЗЛЕГУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЦЕНТРАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ. И НОРМАЛНО, КАКО ДЕЛ ОД ЕКИПАТА НА МИЦКОСКИ, ОТИ ПО РЕДОТ НА НЕШТАТА АКО ПОБЕДИ ВМРО-ДПМНЕ БИ БИЛ МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ РАСПАЛИ ПО СДСМ. РАСПАЛИ ВО ИНТЕРЕС НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И НА ГРАЃАНИТЕ.  СЕГА, ВЕЛИ ТОЈ: КОГА СТАНА ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО ДОСТАПНО ВЛАДАВА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ, А КОГА ИМАШЕ УВОЗ ДОЗВОЛИ СЛОБОДНО ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНИТЕ! ПА, МУ УДРИ УШТЕ ЕДНА ДВЕ КРИТИКИ НА ВЛАДАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА И ЗА ТОА ДЕКА Е ЗАПОСТАВЕНО ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ. СЕ’ УБАВО АМА ЗЕМЈОДЕЛЦИВЕ ЗНААТ  ДЕКА ВО ВИСТИНСКА СМИСЛА НА ЗБОРОТ ГОЛЕМА КОРИСТ НЕ ВИДОА НИ КОГА  ВМРО-ДПМНЕ БЕШЕ НА ВЛАСТ, НИ СЕГА СДСМ. УШТЕ ПОЛОШО ШТО НИТУ ЕДНАТА, НИТУ ДРУГАТА ПАРТИЈА НЕМА ДОЛГОРОЧНА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈОТ НА ОВОЈ ЕКОНОМСКИ СЕГМЕНТ. И ЕДНАТА И ДРУГАТА ПАРТИЈА РАЗГОВАРААТ И ИМ ВЕТУВААТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, АМА НИКАКО СО ЗЕМЈОДЕЛЦИ – ФАРМЕРИ ПО ТЕРК НА ТУРЦИЈА, НА ГРЦИЈА ИЛИ ПРИМЕР НА ГЕРМАНИЈА. ЗА ТАКОВ ЗАФАТ И РЕОРГАНИЗАЦИЈА ТРЕБА „ЗАСУКУВАЊЕ НА РАКАВИТЕ“, ЛИДЕРСТВО, И ШТО Е НАЈВАЖНО ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ СПОРЕД ТЕРК НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, А КАКО ТРГНАЛА РАБОТАТА И СПОРЕД ОНА ШТО СЕГА КАКО ПОТРЕБА ЌЕ ГО НАМЕТНЕ ОТВОРЕН БАЛКАН.

 

  • ДА НЕ БИДАТ ПОКУСО И ОВИЕ СДСМ, ДЕН ПОТОА ИМАА ТРИБИНА. НА ИСТО МЕСТО ВО ИСТО ВРЕМЕ. УСОГЛАСЕНИ СО ВМРО-ДПМНЕ КАКО ШВАЈЦАРСКИ ЧАСОВНИК. ТРИБИНАТА НА СДСМ СО ПОВОД -7 АПРИЛ СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВСТВОТО И ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ. ИСКРЕНО, ОЧЕКУВАВ ДЕКА ЌЕ БИДЕ НЕКОЈ ОД АКТУЕЛНИВЕ ПРВИ ЛУЃЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО. АМА НАМЕСТО ТИЕ, НА ТРИБИНАТА, ГОВОРЕШЕ ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ. МЕ ИНТЕРЕСИРАШЕ КОЛКУ И ШТО ЌЕ СЕ ГОВОРИ ОСОБЕНО ЗА АКТУЕЛНИТЕ СОСТОЈБИ ВО ЗДРАВСТВОТО. КОЛКУ ЌЕ ГО ОТВОРАТ ПРАШАЊЕТО СО ИНТРАХОСПИТАЛНИТЕ ИНФЕКЦИИ И ЗА МНОГУ ДРУГИ ПРАШАЊА ШТО СЕКОЈДНЕВНО ГИ МАЧАТ  ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ. КАЖА ФИЛИПЧЕ ШТО КАЖА… НАПРАВИ СПОРЕДБА СО ФИНАНСИСКИТЕ СОСТОЈБИ ОД НЕГОВО ВРЕМЕ И СЕГА, И ТОЛКУ! НЕГОВОТО ПРИСУСТВО БЕШЕ  ИСКОРИСТЕНО ЗА ДА СЕ НАПРАВАТ ФОТКИ СО УБАВИОТ ДОКТОР, КОЈ ПАТЕМ ГО СТАВИ ВО СЕНКА ДЕДОТО ИЛЕ МУЦЕТО, БЕЗ КОЈ, ЦАКИО НЕ МОЖЕ НИТУ ДА МРДНЕ НИТУ ДА ПРДНЕ, КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ ЗДРАВСТВОТО. А, КОГА СМЕ КАЈ ДЕНОТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ПАРИТЕ МАЛКУ КОЈ ЗНАЕ ДЕКА ЛАНСКАТА ГОДИНА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ТИ ЈА ЗАВРШИЛА СО ДОБИВКА. ДОБРО УПАТЕН МИ КАЖУВА И МЕ ПРАШАВА: ДАЛИ ТИ СЕ ВЕРУВА ИЛИ НЕ?!? ЈАС ПАК СО НЕВЕРУВАЊЕ ГО ГЛЕДАМ И  КАТЕГОРИЧНО МУ ВЕЛАМ: ИЛИ СЕ ШЕГУВАШ ИЛИ СО МЕНЕ МАЈТАП ПРАВИШ?!?

 

  • ДНЕВНИТЕ  БИЛТЕНИ НА МВР СЕКОЈДНЕВНО СЕ ИСПОЛНЕТИ СО РЕЗУЛТАТИ ОД АКЦИСКИТЕ КОНТРОЛИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ВОЗИЛА ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ. ОД 50 КОНТРОЛИРАНИ, 20 ВОЗЕЛЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ. ОД 30 КОНТРОЛИРАНИ, ВОЗИЛА 25 БИЛЕ НЕРЕГИСТРИРАНИ ИЛИ ТЕХНИЧКИ НЕИСПРАВНИ. ОД 60 ВОЗАЧИ, 50 ВОЗЕЛЕ НАД ДОЗВОЛЕНАТА БРЗИНА. ДЕНОВИВЕ ПАК, ПОЛИЦИЈАТА СООПШТИ ДЕКА НА ПАТОТ ПРИЛЕП-КРУШЕВО, АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО И ПОВРЕДИЛ ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ. АМАН БЕ ЛУЃЕ: КАКО ДА ИМА НАТПРЕВАР КОЈ ПОВЕЌЕ ЌЕ СЕ НАПИЕ И КОЈ ПОБРЗО ЌЕ ВОЗИ. И, КОЈ ПОСИЛНО ЌЕ УДРИ СО СВОЕТО ВОЗИЛО ВО ДРУГО. СЕ ПРАШУВАМ: ОВОЈ НАШ НАРОД ВЕСЕЛ И РАДОСЕН КАКО НЕ СЕ ДОНАЈАДЕ И НЕ СЕ ДОНАПИJA, АМА И БРЗО НЕ СЕ ДОНАВОЗИ?! ЗА ОНИЕ ПАК, ОСОБЕНО КОЈ НОЌЕ ВОЗАТ И НАПИЈАНИ И ДРОГИРАНИ – ДА НЕ СПОМЕНУВАМ !

 

  • ХАКИРАНА ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНА НА РАДИО ПЕЛА И ФБ ПРОФИЛОТ НА ГЛАВНИОТ АДМИНИСТРАТОР!!! ПА ХАКЕРИТЕ БИЛЕ ОД МАЛЕЗИЈА ИЛИ ОД ИНДОНЕЗИЈА!!! НА НЕКОЈ ОД  ДАЛЕЧНА АЗИЈА МУ ДОШЛО ДА ИЗВРШИ ХАКЕРСКИ НАПАД ВРЗ РАДИО ПЕЛА?! СЛУШАМ АМА НИКАКО ДА ПОВЕРУВАМ ВО ОВАА ПРИКАЗНА. ПА, СЕ СЕТИВ НА ИЗРЕКАТА ОД ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА УБК – МИЈАЛКОВ, КОГА, НА СЕГА „ОГНЕНИОТ“ МУСА МУ ВЕЛИ: МУСАА!!!! КАМЕНОТ ИДЕ И УДИРА ОД БЛИЗУ, НЕ ОД ДАЛЕКУ!!! ПА,ТАКА И ОВА ХАКИРАЊЕ МИ ИЗГЛЕДА КАКО НАРАЧКА, ОД МНОГУ БЛИЗУ, АМА Е НАПРАВЕНО КАКО ДА Е ОД МНОГУ ДАЛЕКУ. ПОРАНО НОВИНАРИТЕ БЕА НА УДАР НА КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ПРЕКУ  НАРАЧАТЕЛИ И ИЗВРШИТЕЛИ. НАЈЧЕСТО ПРВИТЕ, ПРЕКУ СУД ГИ ГОНЕА ПРИПАДНИЦИТЕ НА СЕДМАТА СИЛА. СЕГА, ВРЗ СЛОБОДАТА НА ЈАВНОТО ИНФОРМИРАЊЕ СЕ КОРИСТАТ НОВИ МЕТОДИ. БЕЗ МНОГУ УКИ И БУКИ СЕ НАРАЧУВА ХАКНУВАЊЕ НА СТРАНИ, ПОРТАЛИ, ФБ ПРОФИЛИ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОШТИ – И ГОТОВА РАБОТА! ТОА МУ ДОАЃА КАКО НА ВРЕМЕТО КОГА, КАКО ДЕЦА ЛЕТАВМЕ ЧОЧКИ И БАЛОНИ. СЕГА НА НОВИВЕ ГЕНЕРАЦИИ ЗАДОВОЛСТВО И ПРЕДИЗВИК ИМ Е ДА СИ ЛЕТААТ ДЕТСКИ  ДРОНЧИЊА И ДРОНОВИ.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе