СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Во ривалството меѓу Прилеп и Тиквеш, ќари Тиквеш

224

Во шестото коло во ракометната Суперлига Прилеп на гостувањето во Кавадарци се врати со пораз од 7 гола разлика:  Тиквеш –  Прилеп 34-27. Ривлаството започна уште на стартот на натпреварот, но домашните ракометари како да не сакаа бодовите да заминат во Прилеп, па го дадоа својот максимум за да издвојуваат победа.

Уште во првото полувремем при разлика  4:5 започна пресвртот. Набрзина составот на Тиквеш дојде до 11:6 и потоа оваа предност се одржуваше. Во финишот на првото полувреме ракометарите на Прилеп ја намалија гол разликата и на одмор се заминаа со 15:12. Во  второто полувреме ракоматарие на Горан Кузамноски успеваа да ја одржат играта, но не и да направат нешто повеќе, па во финишот тиквешани зададоа нов удар и зголемија на безбедни шест гола, 28:22, за на крај разлката од седум гола да се одржува до крај и бодовите да останат во Кавадарци.

Најмногу голови на овој меч постигнаа десното крило Чантурија и левиот бек Милошевски 8, а кај домаќините, со 9 голови, најдобар стрелец и играч беше левиот бек Дрогришки.

Според табелата РК Прилеп моментно се наоѓа на 8 позиција,со 6 бодови, колку што има и Ракометниот клуб Тиквеш 2014, кој се наоѓа на 7 позиција.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе