ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во црквата „Вознесение Христово“ во с.Тополчани заживува духовниот живот

314

Духовниот живот не е притисок, стрес, опсесија, туку љубовта и радоста. Таа љубов и радост ја пренсуваат верниците во црквата „Вознесение Христово“ во с.Тополчани , (кое според последниот попис 2021. живеат 310 жители, од кои 297 Македонци ) кои во духот на христијанството, масовно почнаа да го посетуваат црковниот храм, особено по возообновување на редовниот литургиски живот, благодарение на парохискиот свештеник отец Емилијан, чии придонесе, верницие го вреднуваат како збогатување на духовниот живот во ова населеноместо во Општина Прилеп.

Па, вечерва, во вториот петок од Великиот Велигденски пост,  и во црквата „Вознесение Христово“ во с.Тополчани, како во сите православни храмови во пелгониската епархија, беше отслужена Големо повечерие, богослужба, на кое се читаше Акатистот, молитва, посветена на Мајката Божја за здравје и благослов на семејствата. На богослужбата присуствуваа голем број верници кои се молеа  за здравје на нивните семејства, но голем дел од нив дојдоа да се поклонат  и на Чудотворната икона на Мајката Божја, сместена во овој црковен храм.

 

Мајката Црква, премудро одредила, за време на Четириесетницата (Великиот пост), преку особената служба, која се нарекува Акатис,верниците да упатат молитви  кон Пресветата Богородица. Во деновите, кога се служи овој посебен чин, Акатистот кон Пресвета Богородица (петоците), според православната традиција, верниците принесуваат петтолебие од благодарност кон Бога, за здравје на нивните семејства.

Маслото, виното, пченицата и лебовите што се употребуваат во службата, всуѓност ги претставуваат најосновните елементи неопходни за живот. Ова благословување  е потсетување на чудото на умножување на лебовите и рибите од страна на Христа, со кои нахранил мноштво луѓе. Ова благословување обично се извршува за време на празнично вечерно богослужение и особено во петоците од Великиот пост. По службата, лебовите се разделуваат меѓу верници. Се верува дека овој благословен леб помага против секакво зло.

Редакијата изразува благодарност до Бојана Медароска за фотографиите и инфомрацијата !

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе