СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Втора година по ред нема да го одржи МЕЃУНАРОДНИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР во ЏУДО „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ“,

288

Втора година по ред нема да го одржи МЕЃУНАРОДНИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР во џудо „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ“. Ова го соопшти организаторот на турнирот, Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп, кои во допис до медиумите ја пренесе информацијата со огромно жалење:

„И, оваа 2021 година заради Пандемијата предизвикана од КОВИД 19 и мерките за заштита кои се на сила во нашата држава Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп, втора година по ред НЕМА да го ОДРЖИ- МЕЃУНАРОДНИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР во ЏУДО „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ“, кој се организира по повод празникот 11-ти Октомври.

Само како потсетување напоменуваме дека овој МЕЃУНАРОДЕН Турнир во Џудо последен 11 пат по ред се одржа во 2019 година. На истиот настапија вкупно 320 такмичари од 35 клубови од 7 Држави (Македонија, Бугарија, Грција, Албанија, Србија, Црна Гора, и Косово). На овој Турнир беа присутни и специјални гости од Џудо Спортот (Славко Обадов 9 Дан, Павле Буљчик 4 Дан од Србија и Чихи Јанош 6 Дан од Унгарија).

Турнирот започна да се организира уште од 2009 година по повод нашиот Национален Празник 11-ти Октомври, кога првите 2 години беше на Републичко ниво а потоа прерасна на Меѓународно ниво и низ годините РАСТЕШЕ и стана ПРЕПОЗНАТЛИВ по КВАЛИТЕТ и БРОЈ на ПОСЕТИТЕЛИ. За жал изминатата 2020 и оваа 2021 година ТРАДИЦИЈАТА е ПРЕКИНАТА заради актуелната состојба со ПАНДЕМИЈАТА и СПЕЦИФИЧНИТЕ услови кои се бараат за организација на ваков голем НАСТАН во ЗАТВОРЕН ПРОСТОР-СПОРТСКА САЛА со КОНЦЕНТРАЦИЈА на само најмалку 300 натпреварувачи и околу 50 -тина стручни лица и членови на комисии за спроведување на истиот, а за ПУБЛИКА и да не станува збор.

Затоа Управата на Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп организатор на овој настан и оваа година донесе ваква одлука, пред се водејќи сметка за здравјето на спортистите и сите чинители на ваквиот настан. Се надеваме дека ИДНАТА 2022 година НАШАТА ТРАДИЦИЈА ќе продолжи, ЏУДИСТИТЕ ќе се вратат на ТАТАМИТЕ, нашите гости од државата и странство повторно ќе го посетат и ќе престојуваат во нашиот град ПРИЛЕП и повторно ќе завладее НАТПРЕВАРУВАЧКИОТ ДУХ. СПОРТСКИ ПОЗДРАВ!!! УПРАВА НА ЏУДО КЛУБ СЕИШИН-ПРИЛЕП- се наведува во соопштението на клубот

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе