ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Второто полугодие започнува на 1 ви февруари со физичко присуство

164

Наставата во второто полугодие од учебната 2021–2022 година ќе се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование.

Ова е одлуката од денешната владина седница, по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ. Таа доаѓа откако надлежните го поместија почетокот на второто полугодие за 1 февруари поради зголемување на бројот на новозаразени од КОВИД-19.

Владата на денешната 7-ма редовна седница донесе одлука и за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19.

Лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе