СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Гест за почит- Јованоски му пријде на Јовчески и му честита за кандидатурата за градоначалник

2.099

Иако, многумина “политичари” во Македонија не се склони кон чинот на честитање на своите политчки опоненти, ова не беше случај со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој на денешната редовна Седница на Советот на Општина Прилеп му пријде на својот колега по вокација, лекар – ортопед и советник во Соетот на Општина Прилеп од советничката група на ВМРО -ДПМНЕ, Борче Јовчески и џентлменски му пружи рака и му честита за кандидатурата за градоначалник на Прилеп од опозиционата ВМРО ДПМНЕ, за претстојните локални избори .

Јованоски на Јовчески му подаде рака, и двајцата колеги помуабетија пред почетокот на Седницата на Советот на Општина Прилеп

Двајцата лекари, се долгогодишни колеги, лекари, ортопеди, во ортопедското одделение во болницата во Прилеп, но и двајцата повеќе години се дел од општествено- политичката сцена на Прилеп, Илија Јованоски, како актуелен градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ , а Борче Јовчески, како актуелен советник во Советот на Општина Прилеп од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, кој пак е потврден кандидат за градоначалник за Прилеп од неговата партија .

Во земја во која има постојан суфицит од меѓупартиски навреди и длабок дефицит од зрел политички дијалог, овој гест остави верба дека демократијата и почитувањето можат да бидат дел од политичката култура на политичката македонска сцена, креаторите на опшественото живеење.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе