ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Голем интерес за „Тренинг за претприемништво“, во организација на АГТИС, но поради ковид ситуација местата ограничени

944

Деловна едукација наменета за млади и социјално исклученимлади лица, насочена кон едукација на можностите за претприемништво и започнување “бизнис” и поддршката, беше промовирана пред младите од општините Прилеп и Долнени. Целта на ваквата обука е младите да научат да ги препознаваат креативните деловни идеи и да ги преточат во бизнис.
Настанот е дел од проектот „Преземи чекор“, во рамките на Еразмус +, K 2 Стратешкото партнерство за стручно образовани чии партнери се : AГТИС, Република Северна Македонија; Diversity Living Services, Англија; Mobilizing Expertise AB, Шведска; NGO Ritineitis, Латвија; Eprojectconsult – Istituto Europeo di Formazione e Ricerca, Италија. На настанот (вчера 24 август, доцна попладне) беше презентиран онлајн пакетот „Тренинг за претприемништво“, кој е развиен како еден од најважните резултати од двегодишната соработка помеѓу партнерите во проектот.

Оваа обука е специјално „скроена„ за поднебјето на делување во Република Северна Македонија и состојба , и содржи дигитални едукативни материјали од оваа област. Корисноста од настанот и пакетот обуки е идеја – водилка на АГТИС за да ги мотивира младите да започнат да развиваат деловни идеи.

https://www.facebook.com/www.agtis.org.mk/videos/258678519420979

https://educulture.se/courses/take-the-leap-online-course/

Мултипликативниот настан за презентација на онлајн пакетот „Тренинг за претприемништво“ се одржа (вчера 24 август ,доцна попладне) во СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп. На настанот учествуваа младински работници, ученици и професори од средни стручни училишта од Прилеп и Долнени, претставници од невладини организации, и преставници од институциите.

“Ваквите обуки, се од голема важност и за учениците и кадарот на училиштето, токму затоа што учениците, после завршувањето на средното училиште, се веќе обучени и вешти да започнат сопствен бизнис. Дополнително, училиштето работи со деловниот сектор, а со тоа на учениците им нуди и друга советодавна и деловна поддршка– истакна директорката на СОУ „Ѓорче Петров“ Петра Лукароска,

Еленче Ташковска , Председател на советот на општина Прилеп, во своето обраќање, кажа дека заедничкото учење е долгорочен процес каде и младите и возрасните постојано треба да се надоградуваат се со цел подобро да ги имплементираат сите новини, а институциите треба да бидат корисни и проактивни во својата заедница. „Така ги охрабруваме младите да започнат сопствен бизнис„- рече таа и го предочи на присутните Законот за младинско учество и младински политики и како тој помага во оваа насока. Таа на младите им порача: „Вие младите можите да бидите учесници во креирањето на политиките на локално ниво со директно учество во работата на Советот на Општината, за да го подобрите вашето живеење, а со тоа и да останите во земјата.„
 
Ајша Муаремоска , раководител на одделение за јавни дејности – образование во општина Долнени, истакна дека ваквите обуки се добредојдени за младите од руралните општини, преку кои се едуцираат, а воедно се стимулираат да започнат свој бизнис, и да искористат дел од мерките кои ги нуди Владата и странските програми.

На настанот свое искуство пренесе Јакуб Мачијевски од Полска, кој во моментов е студент и практикант во компанија во Холандија. Тој истакна дека искуството кое го стекнува во образованието поткрепено со праксата, го мотивира после студиите да започне сопствен бизнис, и ги охрабрува и младите од нашата земја да ги следат ваквите примери.

Координаторот на проектот Благица Цветкоска, нагласи дека од предходните истражувања со партнерски земји од проектот, кај младите од нашата Македонија главна причина за не започнување на сопствен бизнис е самодовербата и мотивацијата. „Се надеваме дека преку ваквите настани, обуки ги мотивираме младите да започнат сопствен бизнис.“-рече таа

Настанот се организира според сите протоколи за организација на настан во време на пандемија и со стриктно почитување на мерките за заштита и превенција од Ковид-19. Организаторите, при тоа, им се извиннија на сите оние кои не можеа да присуствуваат на обуката, со оглед на законските мерки за ограничување присуство до 30 лица.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: