ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески упати видео новогодишна честитка до своите граѓани

332

Почитувани мои сограѓани, Ви посакувам среќна нова 2023 година, многу здравје пред се, благосостојба, спокој и мир во вашите домови.  Празничните мигови носат светлост во секој дом , хармоничната атмосфера на претстојните празници нека ви донесе топлина во срцата и да се потрудиме да шириме само радост, среќа и љубов. 2022 година, беше година полна со предизвици за сите нас, соочени со економска, политичка и енергетска криза, сепак вложивме многу труд, енергија и максимално искористување на расположливите потенцијали со цел да ги реализираме потребите на граѓаните, како и да ги исполниме нашите ветувања. Предизвици секогаш имало и ќе има. Но со посветеност, разбирање и чесна работа, ќе се потрудиме, со заедничка сила да ги пребродиме, а од нив да го извлечеме само најдоброто. Во новата година да продолжиме сплотено и да ја развиваме нашата општина.

Ви посакувам уште еднаш добро здравје, среќна, просперитетна и бериќетна Нова 2023 година!

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе