ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градоначалникот Јовчески во работна посета на Вилинген-Швенинген – Германија ( ФОТО )

Работна посета на прилепскиот градоначалник Јовчески во Германија!!

248
На покана на градоначалникот, господин Јирген Рот , прилепскиот градоначалник реализираше  работна посета на градот Вилинген-Швенинген  во Сојузна Република Германија. За време на работната посета во  Вилинген-Швенинген ,  од 17-19 октомври, Јовчески остварил низа на работни состаноци и средби со градоначалникот, со претставници на општината и на бизнис секторот од градот. Било разговарано на многу теми меѓу кои една од најбитните во моментов , за енергетската ефикасност , јавниот градски превоз , за бизнис климата а исто така и за можноста да се привлечат инвестиции за градот Прилеп и секако да се продлабочи соработката со општината Вилинген – Швенинген.
Градоначалникот Јовчески за остварувањето на својата работна посета во општината Вилинген – Швенинген , објави на својот официјален fb профил , каде напомена дека за неговото службено патување како градоначалник , не потрошил ниту еден денар финансии од буџетот на општината.
Јовчески  истакна и дека неговите приоритети се подобрување на економската состојба во Прилеп како и остварување на стратегијата за локален економски развој на градот.Исто така е најавена и возвратна официјална  посета на градоначалникот Јирген Рот од општината Вилинген – Швенинген на општина Прилеп.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе