СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Градоначалникот Јовчески оствари средба со девојките од Боречкиот клуб „7 ми Мај“ Прилеп

151

Ангела Трајкоска, Тамара Цветкоска и Барбара Стојкоска заедно со своите тренери од Боречкиот клуб „7 Мај“  остварија средба со градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески. Причина за  посетата беа првенствата и медалите кои младите Боречки од клубот „7 Мај“ ги освоија на натпреварите на Балканското и Медитеранското првенство кое се одржа во Грција од 26 до 30 октомври.

Градоначалникот Јовчески посочи дека лично ќе се ангажира во развојот на спортот, во сите негови сегменти.

Присутните на средбата, добија и пригодни подароци од Општина Прилеп.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе