ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градоначалникот Јовчески поканува на заедничко чествување: Прилеп е подготвен за патрон празникот Свети Никола

183

Прилеп е  подготвен за прослава на големиот христијански празник Свети Никола, патрон празник и заштитник на градот. Градоначалник на Општина Прилеп, Борче Јовчески ги поканува сите граѓани да присуствуваат на чествувањето на  патрониот празник,  кој се одржува во центарот на градот, пред параклисот Св. Никола, изграден во чест на патронот.

„Св. Никола е заштитник на градот и наш голем христијански празник. По тој повод на 19 декември, в понеделник, во центарот на градот, пред параклисот Св.Никола, во 12.00 часот, ги  поканувам сите мои сограѓани да присуствуваат на чествувањето на градската слава и да бидат дел од одбележувањето на патронот на градот“, стои во поканата.
Чествувањето на градската слава  (19.12.2022 година)  ќе започне во 08.00 часот со свечена божествена литургија во Црквата Св. Благовештение со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски, г.Петар, а во 12:00 часот пред Параклисот на Св. Никола, во центарот на градот, ќе следи водоосветување и прережување на празничниот колач.
Домаќини на годинашната градска слава се сопствениците на компанијата „Теракота Инижинеринг“ кои за посетителите ќе имаат подготвено посна трпеза, со традиционалните светиниколски сарми, грав и пијалоци.
Св.Никола е прогласен за патрон на Прилеп пред 17 години.  Прилеп и Македонија во 2008 година влегоа во Гинис, со најголемата порција светиниколски сарми, сите со големина на лешник.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе