CSS Template

Дали новата средба на тутунарите со откупувачите и министерот ќе го даде решението?

34
Avtokontrol1

Тутунскиот откуп продолжи, а паралелно се одвиваат преговорите на претставници од Иницијативниот одбор на незаводолните тутунари, Сојузот на земјоделски здруженија со откупувачите, а со посредство на ресорниот министер Арјанит Хоџа. Според најавите од министерството утре, 13 ти јануари средбата ќе се одржи во Конгресната сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 12 часот и 30 минути.

Тутунарите досега успешно го решија единствено прашањето со одбитоците, кои што откупувачите ги намалија на реални 5 до 6 %. На масата за преговори повторно остануваат барањата за пофлексибилна линија, просечна цена од 200 денари за килограм, укинување на четвртата класа што е основен услов за зголемување на откупната цена.

– Потребно е да се реши проблемот со преземање на вишокот на тутун, а откупните пунктови треба да работат и во сабота. Тутунарите немаат амбалажа (картонски кутии) за да можат да го спакуваат вишокот производство, веќе е време да се договориме за роковите како и кога ќе се откупуваат тие количини, вели Џемал Назифоски, член на Иницијативниот одбор на тутунарите.

Од Сојузот на земјоделски здруженија кои ги даваат поверениците на вагите, велат дека ситуацијата не е променета и покрај досегашните средби и преговори.

Просечната цена е 167 денари за килограм, откупната кампања се одвива со бавна динамика, за преземање на ланската реколта остануваат над 20 милиони кгр. Дополнителен проблем е што Далија Табак нема да врши откуп со пријавени и договорени 430 илјади кгр ориентален тутун.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni
Kreas