ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Двајца прилепчани краделе од викендици кај Стоби

153

Двајца прилепчани биле приведени, откако кај нив, надлежните пронашле одземени предмети од викендица и фалсификувани бакноти, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во 17.50 часот вчера во Градско, близу локалитетот Стоби, полициски службеници од СВР – Велес ги лишиле од слобода Н.А., на возраст од 32 години и Е.С., 40-годишно лице. Тие одзеле предмети од викендица во близина на локалитетот Стоби, сопственост на С.С., на возраст од 61 година од Скопје. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а при извршениот преглед, кај Е.С. биле пронајдени и одземени и фалсификувани банкноти, појаснуваат од МВР.

Н.А. и Е.С. биле задржани во полициска станица. Јавен обвинител бил известен и по документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе