СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Два активни пожари во прилепско

658

Пожарот кој започнал од запалено стрниште во атарот на с.Канатларци, општина Прилеп сеуште е активен и е проширен во атарот на с.Мусинци, општина Могила, известуваат од Центарот за управување со кризи. Има зафатено поголема површина на сува трева. На терен интервенира екипа од 2 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Прилеп и 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Битола како и поголем број на жители од селото со сопствени трактори. За настаната состојба известени се ДЗС Прилеп и СВР Прилеп како и ЕЛС Могила, ЕЛС Новаци, ДЗС Битола, ШС Кајмакчалан Битола и СВР Битола.

Во општина Прилеп пожарот во атарот на с.Ореовец, општина Прилеп под контрола. На терен има екипа од 3 пожарникари со 1 ПП возило кои ги обезбедуваат куќите од селото. Пожарот на запалена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Топлица, општина Прилеп сеуште е активен и има зафатено голема површина. Во гаснењето интервенирале 8 пожарникари со 2 ПП возила.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе