CSS Template

Две минимални плати не се доволни за основните потреби од храна и за режиски трошоци во семејството

51
Avtokontrol1

Најмногу пари едно семејство од четири члена, троши за храна и пијалоци, како и за плаќање режиски трошоци. Потребни се 14.149 денари за основни потреби за храна и пијалоци, а 8.547 денари само за подмирување на комуналните трошоци. За лична хигиена и за хигиена на домот, минималните трошоци изнесуваат 2.375 денари. Потребите на едно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки во декември 2020 година изнесувале 33.697 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за вредноста на синдикалната минимална кошница.

Синдикалната минимална кошница од месец во месец расне што значи дека се зголемуваат трошоците на живот на работниците. Во однос на октомври синдикалната кошничка е зголемена за 38 денари, а во однос на септември за 121 денар.  Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27 899 денари. Минималната плата не е доволна повеќе ниту само за храна и пијалоци.


semm
Kreas
Farma Dolneni
Vivafarm