CSS Template

Две нови засилувања во Победа – Даниел Карчески и Христијан Кукески

117

По двегодишни настапи во прволигашката конкуренција и тоа со завиден успех во дресот на Силекс, 29-годишниот фудбалер Даниел Карчески се врати во матичниот клуб. Тој е големо засилување на Победа со оглед на неговите квалитети во дефанзива, но и офанизивните карактеристики во неговата игра. Дотолку повеќе што се работи за играч кој се докажал во дресот на Победа низ годините наназад, докажан миленик на љубителите на фудбалот и посебно на навивачите и повеќе од сигурно ќе биде еден од главните адути во играта на Победа.

Нов член на Победа е и 27-годишниот Христијан Кукески. Се работи за добро познат играч на прилепските љубители на фудбалот низ годините настапи како бескомпромисен борец во дресот на 11 Октомври, Обршани, неколку сезони во швајцарски клубови, а оваа измината пролет во дресот на Слога Виница. Тој се очекува да ја зголеми конкуренцијата во стоперската линија пред голот на Победа. Кукески веќе дебитираше за Победа на саботниот меч со Детонит(3-1), а Карчески се очекува првите минути по враќањето во Победа да ги одигра во сабота на „контролката„ со Братство.

На двајцата добредојде во клубот и успешни настапи во црвено-белиот дрес им посака претседателот на клубот Емил Јанески.


Vivafarm