ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Декларација „Зборот на Конески, гајдата на Пеце“ за здружено делување на две манифестации

51
Претставници од Фестивалот „Пеце Атанасовски“ и од Културно едукативниот центар „Небрегово“ денеска потпишаа декларација за соработка во рамките на 50 годишнината  од Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што се одржува во Прилеп и во Долнени.  Декларацијата  насловена „Зборот на Конески, Гајдата на Пеце“ беше потпишана денеска во Спомен-куќата на Фестивалот во Долнени од  претседателот на Фестивалот,  Горан Василески, и претседателот на КЕЦ „Небрегово“, Живко Цветкоски.

Според секретарот на КЕЦ „Небрегово, Атанас Конески ова е значаен културен миг за две личности кои ја одбележале културната историја на Македонија.

-Великанот Блаже Конески и уметникот со универзални вредности, Пеце Атанасовски  ги одбележаа културната историја, националниот самобит, постоењето и продолжувањето на она што го направиле нивните претходници, нашите предци. Ние сме нивни почитувачи и продолжувачи и за нас значат инспирација за далекусежни постигнувања на културен, национален, музички и духовен план, рече Атанас Конески.

Претседателот на Фестивалот „Пеце Атанасовски, Горан Василески ги нагласи честа, но и одговорноста за културната соработка на манифестациите.

-Огромна е честа што можеме овие два великани од Прилепско, Блаже Конески и Пеце Атанасовски, на некој начин да ги споиме со оваа декларација, нивните дела и нивното значење, рече Василески.

Во пет точки декларацијата ја прецизира соработката, меѓу кои и да ги чуваат и да ги продолжуваат македонскиот збор и македонското народно богатство, врежани во нашиот идентитет и континуитет и да ги едуцираат идните генерации. Ќе биде доставена до надлежните институции, Владата, Министерството за култура и туризам, Министерството за локална самоуправа, до ЗЕЛС, локалните самоуправи на Прилеп и Долнени и ќе се бара поддршка за активностите.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе