CSS Template

Денеска се одбележува Светскиот Ден на радиото

69
Avtokontrol1

Која е улогата на радиото? Може ли радиото да опстане во ова време на мултимедијални медиуми и социјални мрежи? Дали радиото е медиум кој умира или тој е сеуште гласот на јавноста?

На овој ден, 13 февруари, се слави радиото како медиум кој едуцира, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури.

Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото, да се поттикнат носителите на одлуки да воспостават и да обезбедат пристап до информации преку радиото, како и да се зајакне вмрежувањето и меѓунарорната соработка меѓу радиодифузерите.

Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Милијарди луѓе од целиот свет и натаму секојдневно се приклучуваат на радио, а тоа и натаму го држи приматот како најбројна и најголема медиумска платформа.

Радиото ја поттикнува имагинацијата, ги отвора вратите за промени и служи како канал за пренесување на информации клучни за животот на заедницата.

Радиото ЗАБАВУВА, ОБВРЗУВА и ИНФОРМИРА!

Во оваа насока како локална радио станици, Радио Пела, со кратка бранова должина, 96 ФМ, па се` до сателитско и интернест пренесување, ги поврзува луѓето, каде и да се`. Радиостаницата се обидува да го задржи критериумот на одговорен локален медиум, кој пренесува објктивни и навремени информации до локалното население. Но, генерално, и нашата радиостаница се наоѓа во кошот на локалните радиостанци од градовите во внатрешноста на Македонија, кои немаат „светла иднина„, поради неможноста заодржливост со информирање и креирање на вести, иако имаат огромна улога во сферата на инфромирањето на локалното население. Оставени, т.р сами на себе, локалните радиостанци кои креираат информативни содржини за локалното население, денеска, се обидуваат да преживеат во битката да продолжат да бидат глас на локалното население, иако, тие се единствениот извор на релевантно, брзо и навремено информирање на заедницата за случувањата на сите полиња во локалната средина.

Но, како единствени медиуми кои што се „глас во средините “ каде што делуваат и главни гласила преку кои што граѓаните се информираат, дебатираат и јавно говорат, локалните радиостаници поради нерегулирање на начинот на финасирање, не помогнати од опшествената заедница, оставени се на работ на егзистенција и се во голема можност да бидат згаснати. Во не тешкотијата да обезбедат одржливост, средства од економско реклмирање поради малиот број на фрими кои вложуваат во радио реклама во локална радиостанца, особено, сега, во време на пандемија, локалните радиостаници во Македонија се борат за опстанок притисната и од законските обврските за регулирање на својат програма и кадровска структура.

А, публиката од нив очекува да бидат креатори на информации, ставови и мислења, да застанат на повиците на неправдата, насилството, сиромаштијата, да истражуваат, да критикуваа, да креираат и да бидате мудри медиум, кои го пренесуваат гласот на локалната заедница.

Според УНЕСКО, „како што радиото еволуира во дигиталната ера, тоа останува медиум со поголема публика на светско ниво отколку кој било друга медиумска форма. Тоа ги охрабрува луѓето, вклучително и младите, да се вклучат во дискусиите за темите кои ги засегнуваат. Тоа може да спаси животи во време на несреќи и природни непогоди, а им нуди на новинарите платформа да ги раскажат нивните приказни.“


semm
Farma Dolneni
Turtel
Vivafarm