CSS Template

Денеска е 4 ти април – Ден на тутунските работници

234

Четврти април е ден кој што се чествувува во институциите поврзани со тутунската индустрија, но и во семејствата кои произведуваат тутун. Традиционално, овој своевиден празник за тутунската индустрија и сите вклучени во неа, директно или индиректно. Во очи на празникот, деновиве, во Тутунски Комбинат на скромна свеченост, им биле врачени признанија на шестмина работници за нивниот јубилеен работен стаж од 20 години.

Денот на тутунските работници се одбележува во чест на работниците кои на 4 април далечната 1938 година на чело со Борка Левата организирале штрајк во Монополот борејќи се за своите синдикални права. Имено, со одлука на синдикалното раководство, монополските работници од Прилеп организирале штрајк на чело со Борка Велески – Левата (1912-1942). Бил вреден работник и мајстор, во НОВ бил командант на прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“. Пред управата на монополот биле изнесени три барања и тоа: зголемување на надниците на сите работници за 20 проценти, укинување на режимот на казните и подобрување на условите на работа. Во обидите на полицијата да ги спречи штрајкувачите да демонстрираат, низ градот доаѓа до судири во кои биле повредени тројца работници и еден жандарм, а 50 работници биле затворени. Штрајкот траел 7 дена, а управата на Монополот, гледајќи дека ако продолжи штрајкот, ќе претрпи големи штети, ги прифатила барањата на штрајкувачкиот одбор, и со тоа штрајкот завршил, а работниците се вратиле на работа.

Меѓутоа, оваа година, Денот на тутунските работници падна во сенка од здравствената криза која што навлезе во сите пори од животот, а уште повеќе, празникот го засени неодамна завршениот откуп на тутунот кој што беше проследен со низа протести, ниската просечна цена, најавите за ограничување на количествата произведен тутун за новата производствена сезона.

Пролонгираниот откуп на тутунот заврши на 31 ви март. Од ланската реколта се преземени 27 милиони кгр тутун,  иако според договорите требаше да се откупат  23 милиони килограми. Според тутунските здруженија сеуште има околу 600 илјади кгр, количество,  кое што остана во магацините на земјоделците.

Од друга страна, во тек е расадопроизводството, земјоделците се подготвуваат за новата реколта, која што според најавите на ресорното министерство не треба да  надминува 21 милион кгр.  

Во Македонија во примарното производство на тутун, се вклучени 30 илјади семејства, а додека во тутунското стопанство работат 3.000 лица и околу 2.000 сезонски работници. Тутунскиот сектор директно влијае врз економијата во државава, зашто 30 отсто од буџетот се полни од работењето на тутунските компании по основ на даноци и други давачки. Во најтутунарскиот крај во државава, Пелагонија, од производство на ориентален тутун егзистираат повеќе од 10 илјади семејства кои се дирекно вклучени во продукцијата.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm