СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

ДЕСПИНА СО СИЛЕН ЗАЛЕТ: 2 КОЛА – 6 БОДА

ФУДБАЛ

246

И, вториот натпревар од новото првенство на Првата женска лига прилепска Деспина го доби убедливо. На теренот со вештачка трева во Прилеп – со 5:1 совладана е кумановска Речица. Иако, со голот на Маја Стојановиќ поведоа гостинките, натаму се тресеше само нивната мрежа.

Три гола даде Теодора Јанковска, по еден Јана Чубриноска и Катерина Милеска.

Прилепскиот тим е во силен залет, имајќи предвид дека и во претходното коло победи, на гости во Битола со 6:3 над Атлетико. Така, на табелата Деспина е во водечкото трио, со тетовски Љуботен и струмичка Тиверија, сите со по 6 бода.

Во следното 3. коло е гостувањето на Скопје.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе