CSS Template

Дефинитивно, Македонја оди на Мундијал во Египет

81
Avtokontrol1

Макеоднија оди на Светското првенство во Египет, бидејќи репрезентацијата на Чешка го откажа својот настап поради заболени од корона вирусот.

Според официјалната интернет страница на Ракометната федерација на Чешка, 17 ракометари се заразени, дел од нив и оние кои беа повикани дополнително во текот на викендот. Денеска, попладне била донесена одлуката Чешка да не патува во Африка, а потоа се огласи и официјално Интернационалната ракометна федерација, дека селекцијата на Македонија ќе биде замена за Чешка, како репрезентација која одамна е посочена како прва резерва.

Македонија ќе игра против Шведска, Египет и Чиле. Првенството го отвара со натпревар против Шведска на 14 јануари.

На ден пред планираниот почеток Македонскиот национален тим во изминатите денови одигра два контролни натпревари против Чиле, чекајќи „абер“ од ИХФ за настап на Мундијалот за да замине за Египет.


semm
Farma Dolneni
Kreas
Vivafarm