ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ДНУ Прилеп – 50 години стожер и промотор на научната мисла

124

Друштво за наука и уметност Прилеп одбележа јубилеј –  50 години од создавањето и опстојува како резултат на ентузијазмот и посветеноста на прилепските научни работници и уметници. Формирано далечната 1971 година, Друштвото претставува непресушен извор на научната мисла и културата,  сублимиран во креациите на научните дела од Прилеп, градејќи  патека за идните генерации. На свечената седница на собранието кое синоќа се одржа во Градската библиотека „Борка Талески“ беа промовирани два нови труда   „Списание на трудови на ДНУ Прилеп 2021“ и „Меморијална книга сеќавања 1971 – 2021“ на авторите Тодор Алексоски и Слободан Беличански, која е една од ретките вакви дела.

– Во различни времиња и турбуленции Друштвото опстојува благодарение на тимската работа на сите научни работници и уметници. Јубилејот го славиме со една година задоцнување поради пандемијата, а денес одбележуваме со голем број на членови, редовно, почесни и нови членови што е посебно значајно бидејќи друштвото се проширува, а оваа година 14 нови членови ќе бидат дел од ДНУ Прилеп. Сите се магистри, доктори на науки, уметници и секој за себе докажан во својата област. ДНУ Прилеп е едно од двете вакви друштво на ниво на Македонија, покрај битолското друштво. Имаме квалитетни доктори и магистри, а треба да имаме повеќе вакви организации, здруженија, друштва. Често пати велам Друштвото за наука и уметност е светилиште на науката и уметноста, место каде што треба да се збира академската заедница и ние тоа успеваме да го оствариме, рече Силвана Пашоска претседател на ДНУ Прилеп.

Во 5 децении постоење прилепското Друштво имало 14 претседатели,  професор д-р Љупчо Попоски, член на ДНУ и поранешен претседател,  посочи дека потребно е да се  зголеми квалитетот на продуцирањето докторати.

На денешната наука ѝ недостасуваат анализата и истражувањето во која било област. Без аргументи нема вистина. Вистинските докторски дисертации никогаш не се доведуваат во прашање. Но, квалитетот опаѓа. Тука е во прашање образованието, а институциите на системот тоа треба да го решат. Не може еден мал народ да има толку ректорати, деканати. Се земаат многу пари, а евтино се продаваат докторати. Иднината скапо ќе ја платиме, посочува Попоски.

Јованка Тутеска, универзитетски професор, член на ДНУ и еден од промоторите на изданијата вели дека научната мисла треба да се негува, да се поттикне, а со тоа да ги мотивира и генерациите кои што доаѓаат.

– ДНУ по 50 години се етаблира како институција во која се посветува доволно внимание на научните трудови. Во јубилејното издание се презентирани 23 труда од преку 30 автори од различни области кои се доволен доказ дека тука, во Прилеп, ова Друштво е, всушност, расадникот за изворни, научни трудови кои располагаат со истражувања. Горда сум на сите публикации, а посебно на јубилејното издание, затоа што во него има трудови кои што ќе мотивираат наредни истражувања и истите ќе значат дека овој билтен ќе опстојува уште многу години, рече Тутеска.

Друштвото за наука и уметност Прилеп има 170 членови, 18 придружни и 36 почесни членови.

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе