ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Донација на „Гентерм„ за детските градинки во Прилеп

962

Во детските градинки „Наша иднина„- Прилеп компанијата „Гентерм„ која се почесто се приклучива кон опшествено одговорните компании во Прилеп,  препознавајќи ја важноста на семејството и потребата од квалитетно згрижување на децата во градинките,  донира потребен инвентар за најмладите во јавните детски градинки “Наша иднина„-Прилеп .

Донацијата се соости  од 110 столчиња, 30 масички и 50 креветчиња кои се мобилни , безбедни, лесно преносливи и можат лесно да се складираат за да се создаде простор во дневниот престој (занималните) за подобра игра и забава за децата кои прстојуваат во градинките. „Донацијата ни е добредојдена и значително корисна. Стариот инвентар во занималните се замени , ево,  со нов, современ и поатрактивен за децата. Вака престојот на децата ќе биде подобрен и поквалитетен. На донацијата, децата и тоа како се израдуваа.„ велат  од градинката „Наша иднина„  кои секогаш се обидувата да ги подобрат условите за прстој и згрижување на деца во раниот детски развој.

Директорката на детските градинките ЈОУДГ „Наша иднина“, Хрстина Трпческа изрази благодарност до компанијата „Гентерм„ за искажаната грижа, посветност и помош  во уредување на нивните простории со нови елементи и посочи дека ова може да послужи како добар пример и за останатите опшествено одговорни компании во градот, „бидјеќе во нашите детски градинки,, каде околу 8 часа престојуваат децата од предшколска возраст, секогаш има простор за подобрување на условите за работа и едукација на најмалите.„ – рече таа.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе