ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дојави за бомби во 5 прилепски основни училишта

577

Дојави за бомби попладнево повторно пристигнале во 5 основни училишта во Прилеп, информираат од Општина Прилеп:

Попледнево дојави за бомби имаше во 5 основни училишта во Општина Прилеп и тоа: ООУ ,,Кире Гаврилоски – Јане”, ООУ ,,Добре Јованоски”, ООУ ,,Блаже Конески”, ООУ ,,Гоце Делчев” и ООУ ,,Страшо Пинџур”. Веднаш по добиените информации за поставени бомби во овие основни училишта, сите вклучени фактори, учениците, наставниот кадар и другите вработени во училиштата брзо реагираа и беа преземени сите потребни мерки за безбедна евакуација на учениците и на сите присутни во училиштата. Исто така беше известена полицијата, ТППЕ Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Согласно претходно остварените координации и вежби, за среќа се помина во најдобар ред и без никакви несакани последици. Безбедноста на нашите сограѓани е на прво место, остануваме во контакт и во координација со сите надлежни институции се до целосно расчистување за веродостојноста на дојавите. Повикуваме на смиреност и почитување на пропишаните прописи.

Информацијата со соопштение ја потврдуваат и од Министерство за внатрешни работи, иако стои дека во 4 основни училишта во Прилеп биле пристигнати дојави за бомби:

Денеска (15.02.2023) до 14.40 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и четири училишта во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе