CSS Template

Д-р Кузевски: Со криење на контактите нема да го спречиме ширењето на вирусот! (ВИДЕО)

2.035
Avtokontrol1

Кои се причините поради што Прилеп последниве две седмици е постојано во врвот според бројот на новозаразени од Ковид 19? Британскиот сој на вирусот се шири со поголема брзина, а сеуште се прават научни испитувања како ќе влијае на процентот на смртност. Дали Прилеп се наоѓа пред нова бура од ширење на корона вирусот, како да се превенира, разговаравме со д-р Горан Кузевски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Прилеп.   

„Kако проблем од почетокот на епидемијата е криењето на контакти и не кажувањето на сите лица кои дошле во контакт со позитивното лице. Јас ќе ви кажам само еден податок: ако минатава недела имаме 269 позитивни лица, како контакти на тие позитивни лица имаме ставено во изолација 250 лица. Што значи дека соодносот не доаѓа ниту 1 спрема 1, на едно позитивно – инфицирано лице, ние имаме ставено само еден негов контакт, што е апсурдна работа. Сите ние горе – долу се познаваме во Прилеп и гледаме што се случува, и тие лица во изминатиов период имале безброј други контакти, но за жал не ги кажале во епидемиолошката анкета, не сме успеале да ги изолираме и на таков начин нема да успееме да спречиме ширење на вирусот во заедницата“, д-р Горан Кузевски, спец. епидемилог             

Целиот разговор проследете го на следниот линк:


semm
Farma Dolneni
Vivafarm
Turtel