ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Европски денови на културно наследство – повеќе настани во организација на Завод и Музеј Прилеп

213

Европските денови на културно наследство и годинава во Прилеп ќе бидат одбележани со низа настани во организација на НУ Завод и Музеј Прилеп преку заедничко дружење во рамките на најголем проект поврзан со наследството почнувајќи од утре петок, 22 ри септември. Манифестација има за цел вклучување на локалната заедница во заштита на наследството, промоција на инклузивноста и поттикнување на креативноста. Во серијалот на 50 000 настани, на тема: „Недопирливото културно наследство – Живо наследство“, што се случуваат во 48 земји во Европа се вбројуваат и следниве настани организирани од Завод и Музеј – Прилеп во перодот од 22. (петок) до 28. (четврток) септември 2023 година:

22.09.2023 петок
Слободен влез во постојаните поставки: Меморијален музеј 11ти Октомври – Рубинчо Белчески, кустос советник;
Галерија на икони – Елизабета Иваноска, кустос; Роднокрајно музичко творештво – Лилјана Неделкоска –
библиотекар; Археолошка поставка – Габриела Христовска, кустос; Етнолошка поставка – Паре Заревска, виш
кустос; Музеј за тутун – Александар Цветкоски, кустос советник

 27.09.2023 среда
Настан: Средба со Мимика Кинезија и Ишарет
трипартитна, интерактивна и едукативна работилница за заштита на
движењата што се применуваат во нашата социјално-духовна традиција;
подготовка, проекција, вежба
Место: Етнолошка поставка и Едукативен центар
Реализација: м-р Александар Цветкоски, кустос советник и м-р Паре
Заревска, виш кустос

28.09.2023 Четврток
Настан: Култ, жртвеник и неолитска куќа
интерактивна и едукативна работилница
Место: Постојана археолошка поставка и Едукативен центар
Реализација: м-р Оливера Јандреска, виш кустос

25.09.2023 вторник и 27.09.2023 четврток
Настан: Религиозното поведение на Марковите потомци, интерактивно-едукативна тура низ варошките цркви
Место: Варош, Црква Св. Никола
Реализација: виш кустос Мимоза Хирстоска

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе