CSS Template

Еден милион евра за реконструкција на прилепската гимназија

269
Avtokontrol1

Зградата на гимназијата „Мирче Ацев“ е најстарата училишна зграда во градот. Покривот на прилепската гимназија не е реконструиран од нејзината изградба. Токму, затоа со средства од Министерството за образование и наука, во висина од 14. 400.000 денари, летото, минатата година, започна реализацијата на капиталниот проект за реконструкција на покривот на прилепската Гимназија „Мирче Ацев“.

Реконструкцијата на покривот на Гимназијата ‘Мирче Ацев’, е само првата фаза од градежните активности со кои се подобруваат условите во ова средно училиште.

По реконструкцијата на покривот, следува реконструкција на фасадата и промена на дограмата од северната страна на објектот, изградба на нова котлара, која ќе биде прва котлара во општината на гас и нафта, инвестиција вредна преку 100.000 евра… –истакна во дел од разговорот директорот на Гимназијата „Мирче Ацев„ Диме Насески, во интервју на Радио Пела, кое можете во продолжение да го погледнета во целост :  


semm
Vivafarm
Farma Dolneni