ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Единствено во спортски Прилеп – натпревар за врзување врвки и шнирање на патики

410

Првата недела од октомври традиционално се одбележува Светската недела на детето. ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп на еден иновативен, креативен начин дава свој придонес во низата на активности посветени на децата, преку игра, забава, учење, преку натпревар и секако награди за најдобрите – прв врснички натпревар за врзување на врвки и шнирање на патики за учениците од прво до петто одделение.

Најголемиот подарок што може да му го дадеме на едно дете се корените на одговорноста и крилјата на независноста!“ е мотото на целодневниот настан во дворот на ООУ „Кочо Рацин“.

Учениците од прво до петто одделение, утре 3 ти октомври од почнувајќи од 10 часот во дворот на училиштето ќе врзуваат врвки и ќе шнираат патики, ќе се забавуваат, ќе учат, ќе се натпреваруваат.

„Целта е развивање вештини кај учениците, градење самодоверба, натпреварувачи дух, дружење, соработка со родителите и локалната заедница. Сите ученици од прво до петто одделение ќе бидат вклучени во учење, забава и натпреварот, а за најдобрите има и награди. По завршувањето на оваа активности и родителите и наставниците ќе се забавуваат и натпреваруваат во други спортски игри,“ вели Наташа Мирческа наставник во ООУ „Кочо Рацин“ креатор на активноста за во рамките на одбележување на Неделата на детето.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе