ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Едукативна работилница на МТФ „Војдан Чернодрински„ со учениците за тетарот

125

Пет училишта  се придружија  на новото театарско-едукативно патување, кое ќе трае во наредните шест месеци,во рамките на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а резултатите од сработеното, ќе се видат на претстојното 58. издание на фестивалот, кој ќе се одржи од 7 до 14 јуни.  На едукативните работилници што ги предводи режисерот и едукатор Милош Б. Андоновски од „Театар за сите“ од Скопје, ќе учествуваат ученици од ООУ: „Добре Јованоски“ и „Блаже Конески“ и од СОУ: „Ристе Ристески – Ричко“, „Мирче Ацев“ и „Ѓорче Петров“.

Во просториите на прилепскиот театар тие ја одржаа првата средба, под менторство на актерите Илија Волчески и Игор Трпчески. Учениците заедно со нивните наставници-ментори, разговараа и презентираа за театарските процеси“, соопштуваат од фестивалот.

Во текот на наредните седум месеци ќе се изучуваат театарските процеси (режија, актерство, драмско пишување и драматургија, костимографија, сценографија) практично, преку вежби и гостувања на театарџии. Целата содржина ќе биде работена врз еден од текстовите на Горан Стефановски, како автор во фокус на 58. издание на фестивалот МТФ „ Војдан Чернодрински“

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе