CSS Template

Елена Андоновска : Музиката ја пренесувам онака како што ја доживувам (ФОТО + ВИДЕО)

174
Avtokontrol1

Елена Андоновска сме ја гледале и слушале на македонската музичка сцена и никогаш не е доста од глас кој плени и девојка која пее милозвучно и од душата. Прекрасен вокал кој и нас како медиум не почести со нејзиното присуство во нашата програма. Ни даде можност од поблиску да се запознаеме со нејзината музичка кариера која е поврзана со традицијата и фолклорот од една и соработката со музичката група Седенка од друга страна .

ЗАПЕАЛО СЛАВЕЈ ПИЛЕ – ВТОРИОТ АЛБУМ НА ЕЛЕНА АНДОНОВСКА

Андоновска со својот глас ги буди емоциите кај публиката , зашто како што и самата вели , музиката ја пренесува онака како што ја доживува , дали кога работи во студио или на свадбени моменти кога е заедно со бендот Седенка.

Елена како естраден уметник е продуктивна во она што го сака да го работи , затоа за својата публика го реализираше и вториот нејзин албум ” Запеало славеј пиле” , музичко издание составено од десет македонски народни песни отпеани во етно стил со нов аранжман. Разговорот со македонската фолк пеачка Елена Андоновска погледнете го во целост подолу.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni