ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Велигденска честитка од градоначалникот на Прилеп

103

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески , со писмено обрајќање им го честита големиот христијански празник ,Велигден на православните христијани. Во неговата честитка се вели :

На сите православни христијани им го честитам големиот празник Воскресение Христово – Велигден.
Овој најголем христијански празник е уште поголема можност да шириме позитивни мисли, љубов и разбирање кон сите, и да го чуваме и негуваме нашиот Македонски идентитет, култура и традиција. Токму традицијата е богатството на еден народ па затоа мораме да бидеме сплотени кон зачувувањето на нашето богатство.
Македонскиот идентитет и јазик се неприкосновена реалност на нашиот народ. Тие се наше наследство од претходните генерации и аманет за идните генерации.  Посакувам да имате верба, добродушност и искреност во вашите срца затоа што тоа е основата на христијанската вера, сакајте простувајте и во бога верувајте.

Прославете го Велигден со вашите најблиски во мир и благосостојба.
Христос воскресе – навистина воскресе !
Честит Велигден !

Градоначалник на општина Прилеп

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе