СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

ЖЕНА, ЗАМЕНИК – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП

776

Во случаи на спреченост или отсуство на градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески негов заменик, е советникот при Советот на Општина Прилеп, од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Ирена Стерјоска Локвенец.
Денеска, градоначалникот Борче Јовчески свечено ѝ го врачи решението на Ирена Стерјоска Локвенец, со кое, е назначена за Заменик – градоначалничка на Општина Прилеп врз основа на Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Прилеп.

Ирена Стерјоска Локвенец е дипломиран економист, беше директор на домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ – Прилеп  и советник при Советот на Општина Прилеп. Претходно, во претходниот состав на Општина Прилеп,  заменик градоначалник на Општина Прилеп беше Александар Китаноски, кој ја извршуваше оваа функицја,  која во принцип се активира само во случај на итност при отсуство на градоначалникот.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе