СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

ЖРК ДЕСПИНА ИМА СОБИР НА 4 АВГУСТ

210

Женскиот ракометен суперлигаш, Деспина, им даде одмор на првотимките до 4 август. Тогаш тренерот Страшо Илиоски ќе го има првиот собир во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Најверојатно нема да има битни промени во играчкиот кадар, со оглед на тоа што летово немаше информација за заминати или новодојдени.

Во рамките на подготовките обезбедени се неколку пријателски мечеви, на турнир во Скопје, од 19 до 21 август, каде противници во групната фаза се српската Јагодина и скопски Вардар. Потенцијални ривали се останатите учесници: домаќинот Ѓорче Петров, српскиот Бор и Младинската репрезентација на Чиле.

Деспина во септември ќе го стартува учеството во Супер лигата, а во октомври ќе има два меча против шведската Скара, во 2 коло од ЕХФ европскиот куп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе