ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Задушница – молитва за упокоените, Духовден – роденден на Црквата

155

Задушница и Духовден се два големи христијански празници, кои се слават овој викенд. Празникот Духовден секогаш се слави 10 дена по Спасовден, а 50 дена по Велигден, а пред него православните христијани го одбележуваат празникот Задушница.

Празникот Задушница се врзува со молитвата за упокоените христијани и најчесто се одбележува во петок и сабота.

Вообичаено за Задушница во црквата се служи парастос, а по службата верниците се упатуваат на гробовите на најблиските, палат свеќа, читаат молитва и принесуваат жртва за спасение на починатите (леб, пченица и вино).

Свештеникот кажува посебна молитва која се нарекува и Трисагија во чест на починатите.

Според народните обичаи и верувања, во петок се оди на гробишта каде се посетуваат починатите членови на семејството и се носат посни продукти за раздавање „за да им се најдат“ на блиските.

Петокот пред Задушница е прогласен за неработен ден од 2007 година.

Духовден – роденден на Црквата

Празникот Духовден секогаш се слави 3 дена, при што првиот ден секогаш се паѓа во недела. Овој празник во народот е познат и како Света Тројца, затоа што се верува дека на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух.

Исто така, црковно се нарекува и Педесетница, затоа што секоја година се слави точно 50 дена по Велигден.

Во христијанска смисла, на овој ден се слави симнувањето на Светиот Дух на земјата, односно со одобрение на Богот Татко било исполнето ветувањето што Богот син (Исус Христос) им го дал на апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух, и со ова започнало ширењето на христијанската вера и религија во целиот свет.

Од тие причини, Духовден се смета за симболичен роденден на црквата и на христијанското учење.

На овој ден, според свештениците, православните христијани треба да одат во храмовите, а не на гробиштата.

Со оглед на тоа што се смета за голем христијански празник, во голем број населени места постои обичајот за воздржување од тешки, физички работи и денот да се посвети на молитва.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе