ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Соколески : Среќен е секој голман во клуб кој има свој тренер на голмани (ВИДЕО + ФОТО)

Соколески : Професионална работа и посветеност со секој голман !

132

Работата го краси човекот ама професионалноста и посветеноста едноставно го прави успешен во неговата определба. Таков е примерот со Ице Соколески , кој веќе четири календарски години ги подготвува , односно тренира голманите во Еурофарм Пелистер а беше повикан и да работи со  голманите во македонската ракометна репрезентација. Тој вели дека среќен е оној голман кој во својот клуб има тренер на голмани каде со индидвидуална работа може да ја гради својата техника и да напредува во својата кариера. За жал како што вели не сите клубови кои се релативно танки со буџет можат да си дозволат специјализиран тренер на голмани , но тоа пак од друга страна не е професионално и голманите ќе мора да тренираат секогаш тимски а нема да можат да ги надоградуваат своите голмански способности во индивидуален тренинг.

Соколески за време на гостувањето во нашата програма во живо стави акцент и на спортската инфраструктура во внатрешноста во земјава.Тој апелира за подобра инфраструктура , за да може младите да бидат основата во клубовите и за правилен развој во спортот.Инаку целосниот разговорот со Ице Соколески може да го погледнете во видеото подолу , уживајте во анализата на европскиот шампионат и за состојбата во македонскиот ракомет.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе