CSS Template

Заштитата на земјоделските посеви од град и годинава со авионско засејување

126

Со три авиони од аероклубот „Скопје“ годинава ќе се прави засејување на градоносните облаци како заштита од временската непогода – град, а ќе се користи хемикалијата сребро јодид. Вкупно 60.000.000 денари се обезбедени преку Програмата за рурален развој на МЗШВ.

„Годинава новината е што ќе се користат наместо два, три летала, со што се очекува да се постигне подобра покриеност на целата територија и ќе се зголеми можноста за делување во повеќе региони кои истовремено се зафатени од појава на град – изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Овој метод на заштита е воведен за првпат минатата година и според направената анализа на Управата за хидрометеоролошки работи се покажал како успешен. Анализата покажала дека лани имало натпросечен број на денови со нестабилна облачност при што се испалени вкупно 1.083 палки или 433 килограми реагенс за време од 180 часа лет на авионите.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni