ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За две децении за 10% се намалил бројот на жители во Прилеп

340

Според пописот најголема општина во Македонија е Куманово со 98.104 жители, а најмала Зрновци со 2.086 жители. Битола е на второто место со 85 164, зад неа е Тетово со 84 770 жители, а во скопската општина Аеродром се регистрирани 77, 735; Прилеп со 69 025 (заедно со Мариово и Тополчани) е шестти град по бројност на жители и е приближно колку скопската населбата Гази Баба  (69 626 жители)

Од последниот попис (2021-2002) бројот на жители во Прилеп е намален за 10,09% , односно Прилеп останал без 7.743 жители ,( пред него се Битола со 10.221, Струга 12.396 , Кичево 17.065  и Гостивар 21.272 жители помалку) осносно, од вкупно 80 општини во државата во дури 66 населението се намалило.  Инаку, според пописот  Прилеп  има  24 607 домаќинстава и  33 080 станови.

Интересно е тоа што во Македонија вкупно 207 села се целосно празни, без ниту еден жител, што говори дека сме нација во изумирање.

По две децении од одржувањето на последниот попис во 2002 година, бројот на жители во Македонија  е намален за 185.834 лица или за 9,2 проценти.  Тоа  значи дека е изгубено население колку две или три поголеми општини во земјата. Но, куриозитет на овој попис е и тоа што во Македонија има (попишанo е) и  51 лицe на возраст над 100 години.

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе