ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За еден месец оштетени поголем број од контениерите за електричен и електронски отпад

20

ЈКП Комуналец  во соработка со Локалната самоуправа Прилеп поставија  12 специјализирани контениери за селекција на  електричен и електронски отпад , акумулатори и батерии. Поставени пред еден месец,  на 14 август, поголемиот дел од нив веќе се оштетени. Покрај оштетувањето, во овие специјализирани контениери има секаков вид на отпад, освен електричен и електронски отпад.

„Она што ценеле дека е корисно е украдено, иако поголемиот дел од овој отпад воопшто не е корисен. Оставени се само некорисните тонери, кои подлежат пак на постапка со уништување. Во нив се исфрла дури и тетрапак, најлони, пет амбалажа и др. Она што ќе создаде поголема штета, е што истите отпадни апарати ќе бидат  исфрлани на дивите депонии. За месецов  Комуналец,  планираше  да постави уште 12  контениери од овој тип, но ќе се почека со оваа акција, со цел да се направи анализа, но и поправка на постојните, посочуваат од ЈКП Комуналец.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе