ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Здравковски : Нов бенд , нови песни во најава и одличен ковер на балканските хитови (ВИДЕО+ФОТО)

Оги убаво ги скоцка балканските хитови заедно со својот бенд Оз

121

Популарниот македонски поп шмекер Оги – Огнен Здравковски продолжува многу позитивно и пријатно да ја освежува односно изненадува македонската јавност.Овој пат како најава на нешто ново во неговата кариера.Заедно со дечките од бендот ОЗ  го претставија музичкиот микс кој остава без зборови а ја има содржината од познати балкански хитови.Изгледа модерно , за слушање  неповторливо а целокупниот впечаток е фантастичен.

Моја Драга , Остала си увијек иста , Доџи, Остани, Од милијун жена  … се музичките композиции кои како ковер верзија можат сите да ги слушнат но во исто време да уживаат во песните кои како што вели Оги , секоја на свој начин ја одбележува неговата музичка кариера.

Инаку Огнен Здравковски на сцената ќе го придружуваат момците од групата Оз , Антонио Тимчевски – клавијатури , Дејвид Дејв Демир – гитара , Бојан Дичовски – бас гитара и Гоги Мицевски = тапани.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе